„Ѕвездена музика“: „Прстенот“ на Вагнер и тромбонистот Мур во Филхармонија

232

„Ѕвездена музика“ е насловен концертот на оркестарот на Филхармонија што ќе се одржи в четврток во 20 часот. На програмата е инспиративната компилација на едно од најзначајните дела во историјата на музиката – „Прстенот“ на Рихард Вагнер, како и впечатливиот концерт за тромбон и оркестар „Старгејзер“ од Џонатан Дав. Диригент е Тимоти Редмонд, а солист Питер Мур од Велика Британија.

Тромбонистот Питер Мур на 12 години, во 2008, стана најмладиот победник на натпреварот за млади музички уметници на „Би-би-си“. На 18 Мур беше назначен за ко-главен тромбонист на престижниот Лондонски симфониски оркестар.

„Мојот стил во минатото беше да ги земам работите во мои раце и да не размислувам за далечната иднина, но кога ќе погледнам наназад, да, имав среќа да бидам дел од толку многу прекрасни музички искуства“, вели Мур.

„Прстенот на Нибелунзите“ од Вагнер не е само најамбициозно, туку и едно од најимагинативните музичко-сценски дела во историјата на музиката.

Тромбонот, пак, ако во делата на поствоените модернисти како Лучано Берио или Винко Глобокар е претставен во „кловновска“ улога, Џонатан Дов му дава поетика, метафора во умот како „човек со телескоп кој го пребарува ноќното небо“, истражувајќи низ оркестарските соѕвездија.