Ѓоковиќ собираше компири на нива во родниот крај

133

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, се рехабилитира на југот на Србија, собирајќи компири на нива.

Популарниот Ноле објави фотографии на кои се гледа како на една нива во селото Брзеќ во кое минал дел од детството, помогна во акција на собирање на компири.

„Срцето ми е полно што оживувам спомени од детството. Се сретнав со многу луѓе кои беа дел од моето детство, и кои ми помогнаа да го остварам сонот да бидам професионален тенисер. Полн сум со емоции. Добив и по некој компир за трудот” – напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.