Ѓоковиќ се повлече од мечот со Кирјос, фановите лути ја напуштија салата

352
epa10316682 Novak Djokovic of Serbia in action against Casper Ruud of Norway during the singles final of the Nitto ATP Finals 2022 tennis tournament at the Pala Alpitour arena in Turin, Italy, 20 November 2022. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO ITALY OUT

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во второто коло на егзибицискиот турнир во Дубаи, требаше да излезе на терен за да ги одмери силите против Австралиецот Ник Кирјос, но тоа не се случи.

Кирјиос излезе на теренот со  Бугаринот Григор Димитров, бидејќи Ѓоковиќ не се чувствувал добро. Новак овој натпревар го следи од делот каде што седи стручниот штаб, а оваа промена на распоредот предизвика гнев кај публиката.

Публиката го очекуваше Новак Ѓоковиќ на теренот, а тоа што не играше само ги разбесни и ги налути навивачите. Некои од нив дури и гневно ја напуштија салата во која се играат натпреварите.

Веднаш по објавата дека Новак нема да игра, на социјалните мрежи почна да се зборува за вистинските причини за неговото отсуство, а повеќето од нив тврдат дека српскиот тенисер само се плаши од нов пораз и дека нема да се доведе во ситуација во која ќе му се „смеат“.

Сепак, италијанскиот стручњак Рикардо Пјати има една желба кога е во прашање 2023 година. Тој сака српскиот тенисер да ги освои сите четири грен слем турнири и верува дека може да се случи тоа.

„Ако можам да посакам желба, би сакал да го видам Новак Ѓоковиќ како се натпреварува и ги освојува сите четири грен слем турнири во 2023 година“, напиша Пјати во авторски текст за „Tennisitaliano“ и додаде:

„Можеби Ноле не ви се допаѓа, но од големата тројка, од кои останаа двајца, тој најмногу го заслужува ова“.

Инаку, Пјати и Ѓоковиќ соработувале во текот на 2005 година. Последниот негов  ангажман беше до февруари годинава, кога ја заврши соработката со Јаник Синер.