Светскиот тениски рекет број еден Србинот, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во финалето на првиот грен слем турнир Австралија опен. Тој во полуфиналето полесно од очекуваното го совлада Французинот Лук Пуј со 6:0, 6:2, 6:2. Во мечот за титулата, во недела ќе ги одмери силите со Шпанецот Рафаел Надал, кој претходно исто така во три сета славеше над Гркот Стефанос Циципас.