Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, потврди дека ќе  учествува на Летните олимписки игри во Токио. Србинот, минатиот викенд, по победата на Вимблдон, изјави дека можеби нема да патува на Игрите, но се премисли и одлучи да ја претставува својата земја на најголемиот спортски настан во светот.

– Горд сум што одам во Токио и заедно со нашиот тим ќе се борам за медали на олимписките терени. За мене, играњето за репрезентацијата на Србија отсекогаш претставуваше посебна радост и мотивација, и ќе дадам се од себе да не направам сите среќни, изјави Ѓоковиќ.

Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август.

Србинот досега на олимписките игри има осовено само бронзен медал и тоа од Пекинг 2008 година, додека на претходните Игри во Рио де Жанеиро беше елиминиран уште во првото коло од Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро.