Шут-карта за Артета

151

Речиси сите фудбалски медиуми во Англија ја пласираа и информацијата дека е прашање само на време кога лондонскиот премиерлигаш Арсенал и официјално ќе стави крај на соработката со актуелниот менаџер, Микел Артета. Популарните „топчии“ го загубија и последниот првенствен натпревар против Евертон (2:1), а последен пат три бода освоија на 1. ноември. Според клупските челници шпанскиот стручњак е најголемиот виновник за лошите резултати и затоа мора да се стави крај на соработката.