Австрискиот скијач Јоханес Штролц е најдобар во алпска комбинација на Зимските олимписки игри во Пекинг. Штролц по спустот беше четврти, па со одличен слалом стигна до златниот олимписки медал со вкупно време 2:31,43 минути.

Неговиот татко Хуберт исто така освоил комбинирано злато на Зимските олимписки игри во Калгари 1988 година. Норвежанецот Александар Омот Килде го освои сребрениот медал кој заостануваше 0,59 секунди од победникот, а ова е воедно негов втор медал во Пекинг по бронзата во супервелеслалом. До бронзата стигна Канаѓанецот Џејмс Крафорд кој заостана 0,68 секунди зад австрискиот натпреварувач. Фаворитот за освојување на златниот медал Французинот Алекси Пантуро не ја заврши трката во слалом.