Што да правам, да им ги исечам рацете?!

72

Четри погодоци, по два во двете мрежи, беа постигнати на саботниот дерби натпревар од 32. коло во италијанската Серија А, помеѓу екипите на Јувентус и Аталанта. „Старата дама“ доби два пенала, а вториот беше досуден во судиското продолжение. Дека пеналите се заштитен знак на Јувентус не е некоја вест, а тоа го потврди и предводникот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, кој по натпреварот изјави дека такви пенали се судат само во Италија.

  • Такви се правилата, односно такви се правилата само во Италија. Што да правиме, да ги исечиме рацете на фудбалерите? Ова не е првпат да се суди таков пенал, веќе се досудени многу такви пенали. Факт е дека само во Италија се суди пенал при една таква ситуација. Мора да се направи промена, мора поинаку да се анализира таквата ситуација. Мислам дека одигравме многу добро против лидерот на табелата. Многу сум задоволен од играта на моите фудбалери, но сум и тажен затоа што не славевме на овој натпревар, изјави Гасперини.

Кристијано Роналдо успешно ги изведе двата пенала за Јувентус, да гостинот од Бергамо на два пати имаше минимална предност со погодоците на Дуван Запата и Руслан Малиновски. На шест кола до крајот на актуелната сезона Јуве е прв на табелата и има девет бода повеќе од третопласираната Аталанта.