ШТО ВЕЛИ НУМЕРОЛОГИЈАТА: Стево доби „кец“, Давкова “двојка“, Максим  – „среќна седумка“…

425

Според нумерологијата бројот 1 е  лидер, одлучен, независен и агресивен. Бројот 2 е бројот на женственост, добронамерност и склоност кон хармоничен семеен живот. Број 3 е друштвен, харизматичен, оптимист и авантурист. Според нумерологијата четворката  е силен, стручен и истраен број. Тој е најпрактичен  од сите броеви. Бројот 5 е паметен и прогресивен. Петката е позната како голем интелектуалец кој бара различност. Куриозитет е шестката која ја доби  доктор Арбен Таравари , која пак, нумеролошки се поврзува со негувањето, исцелувањето… Бројот 7  се појавува речиси во сите среќни комбинации на броеви, a ако се разгледа од повеќе аспекти е навистина посебен.

 Ждрепката заврши, претседателските кандидати веќе го знаат редоследот на гласачкото ливче, но дали бројот што го добија ќе им донесе среќа? Нумеролозите велат дека освен датумот на раѓање и датумот на одржување на изборите, значење има и бројот кој гласачите ќе треба да го заокружат.

Како бројот еден и два ќе се одрази врз резултатот од политичката борба на двајцата најжестоки ривали, Стево Пендаровски од СДСМ и Гордана Силјановска-Давкова, кои во борба за шеф на државата влегуваат по втор пат. Силјановска-Давкова и на изборите во 2019 година исто како и годинава беше под реден број два. На Пендаровски, пак, тројката му ја донесе престижната функција во 2019 година, но не му беше среќна во 2014 кога беше на истата позиција, но загуби од тогашниот противкандидат Ѓорге Иванов.

Инаку, според науката за броевите и нивното влијание врз личните карактеристики, бројот 1 е лидер, одлучен, независен и агресивен. Овој број е примарната сила на универзумот. Ги надминува пречките и прави работите да се случуваат. Тие се добри во презентирањето на сопствената личност. Ги краси одличен менталитет и силно его. Можноста за лидерство и авторитет е она што го прави нивното чувство за достоинство посилно.

Бројот 2 е бројот на женственост, добронамерност и склоност кон хармоничен семеен живот. Тие не се способни да бидат добри лидери, но се одлични следбеници. Тие се емотивни, интуитивни и сонувачи. Тие се создадени за сите видови партнерства. Се смета за мировник. Софистициран е, голем уметник, духовит и со смисла за ритам и музика. Овој број е најинтуитивен од сите. Премногу е емотивен и најпосветен број.

Редниот број 3 на кој ќе се најде името на Стевчо Јакимовски од ГРОМ е друштвен, харизматичен, оптимист и авантурист. Се стремат да постигнат совршенство на сите полиња. Кај нив нема просечност, ги карактеризира оптимизам и животна радост. Тие знаат да бидат добри пријатели и добредојдени во општеството. Овој број трага по подлабоки врски и сака да го дознае значењето на животот. Ако го пронајдат она што го сакаат, можат да станат многу успешни. Тројката имала големо значење во животот на Никола Тесла. Тој секогаш вртел по три круга околу зградата пред да влезе, ги чистел чиниите со 18 салфети и живеел во хотелски соби чиј број можел да го подели со 3. Тој ги пресметувал деливите работи околу него и секогаш сакал да бидат деливи со 3. Сè што правел, правел по 3 пати. Со бројот 3, бил опседнат и Данте Алигиери, чие ремек-дело „Божествена комедија“ се заснова на овој број.

Четворката, која му припадна на Бујар Османи, кандидат на ДУИ, е силен, стручен и истраен број. Тој е најпрактичен е од сите броеви. Луѓето со нумеролошки број 4, се ориентирани кон целта и прагматични, а нивниот однос со љубовта не е исклучок. Поседува висок степен на самодисциплина и контрола, и е познат како работникот меѓу броевите. Конвенционален и ограничен, бројот 4 може да биде цврст и непоколеблив, со силни морални убедувања. Се карактеризира со праведен начин на размислување и носи голема моќ на логично расудување. Четворката носи успех но на позрела возраст и не се препорачува за работи кои бараат брза акција.

Бројот 5 кој ќе се најде пред името на кандидатката на Левица, Билјана Ванковска-Цветковска е паметен и прогресивен. Петката е познатата како голем интелектуалец кој бара различност. Ја цени сопствената слобода и не се плаши да преземе ризици. Овие луѓе се авантуристи по дух, ги привлекуваат непознати и неистражени работи. Добро се изразуваат, сакаат промени и не поднесуваат статичност. Тие се добри во комуникацијата и деловните работи. Сакаат да заработат пари, но и да ги трошат. Изгледаат силни, но лесно се навредуваат. Промената е константна за непредвидливиот и таинствен број 5.

Куриозитет е шестката на доктор Арбен Таравари од коалиција Вреди, која пак, нумеролошки се поврзува со негувањето, исцелувањето, заштитата и наставата. Тој е бројот-чувар, познат уште како мајчински број. Има силно чувство на мир и правда. Тоа е бројот на бракот, семејството и хармонијата. Во љубовта често се необјективни и гледаат се со романтични очи. Подготвени се да се жртвуваат за сè што им значи – партнерот, децата, пријателите и роднините. Често знаат да претеруваат во работата, лојални се и посветени. Добро се вклопуваат во околината. Тие се стремат кон луксуз и сакаат да живеат удобно.

Бројот 7 на Максим Димитриевски се појавува речиси во сите среќни комбинации на броеви, a ако се разгледа од повеќе аспекти е навистина посебен. На пример, има седум денови во неделата, виножитото има седум бои, тонската скала има седум основни ноти, во светот има седум континенти, а и многу игри на среќа, на пример лото, се поврзани токму со овој број.  Поврзан е со спиритуалноста и е познат како бројот кој постојано е во потрага. Интроспективен е и укажува на голем мислител кој не се занимава со материјалните работи. Интуицијата и имагинацијата се неговите најмоќни карактеристики.

Според нумеролозите бројките нудат увид во сите аспекти на личноста и не случајно се врзуваат за одредени личности и настани.