Шест симптоми што укажуваат на анемија

206

Анемијата се јавува кај луѓе кои немаат доволно црвени крвни зрнца кои помагаат во транспортот на кислород од белите дробови до ткивата и јаглерод диоксид во спротивна насока.
Анемијата погодува повеќе од две милијарди луѓе на глобално ниво, што е повеќе од 30% од вкупното население. Особено е честа појава во земјите со малку ресурси, но влијае и на многу луѓе во индустријализираниот свет. Анемијата е исто така поврзана со низок хемоглобин, а оваа болест обично со себе носи симптоми на замор, исцрпеност, студенило и бледа кожа. Сето ова се случува затоа што вашите органи не добиваат доволно кислород за да ја завршат својата работа.

Симптоми кои укажуваат на анемија

Бледа кожа

Кога телото не добива доволно кислород или страда од намален број на црвени крвни зрнца, кожата ја менува бојата и изгледа многу бледо. Ова не се однесува само на лицето, туку и на целото тело, особено на рацете, очните капаци и јазикот.

Неправилни отчувувања на срцето

Ниските количини на хемоглобин ја отежнуваат работата на срцето, па затоа мора да работи напорно обидувајќи се да ни даде доволно кислород, што може да резултира со неправилни отчукувања на срцето.

Замор

Доколку органите не ја добиваат вистинската количина на кислород, телото мора да работи многу понапорно за да произведе доволно енергија за секојдневно функционирање, а тоа не прави многу уморни.

Проблеми со концентрацијата

На сите органи им треба кислород за добро да функционираат, а мозокот не е исклучок. Ако нивото на кислород е пониско од потребното, не можеме да размислуваме јасно и страдаме од слаба концентрација и фокус.

Пукнатини на работ на усните

Повеќето од нас понекогаш имаат суви или испукани усни од ветер, сонце или ниски температури, но анемијата предизвикува и пукање на одредени делови од усните, особено на аглите.

Тенки, кршливи нокти

Ако ноктите се кршливи, ова може да биде уште еден вообичаен, но не толку добро познат симптом на анемија.

Третман на анемија
Некои типови на анемија, како што е наследната, не можат да се спречат. Сепак, анемија предизвикана од недостаток на железо, недостаток на витамин Б12 и недостаток на витамин Б9 може да се спречи со добра исхрана. Постојат многу видови на анемија, а третманот ќе се разликува во зависност од тоа што ја предизвикало состојбата.