Легендарниот кошаркар Шекил О’Нил отсекогаш изгледал застрашувачки со своите 216 сантиметри и 150+ килограми, но неговиот изглед знае да измами. Всушност, О’Нил е човек со големо срце.

Многупати досега покажал со тоа што давал пари на оние на кои им биле најпотребни, но последниот пример од неговата добротворна организација ги разнежни сите. На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа како О’Нил израдува момче кое го сретнал во продавница.

Момчето плачело во продавницата за спортска опрема бидејќи не можело да купи патики, а потоа Шекил О’Нил го забележал и потоа тргнал на турнеја со него.

Веднаш престанало да плаче штом Шек му рекол да избере што сака, а мајката на момчето сето тоа го снимила.

Легендарниот кошаркар на Лејкерс, Мајами, Орландо и други клубови на тој начин му го подобри денот на шестгодишното дете кое не е ни родено додека Шек беше активен играч. Тој реши да му подари два пара патики и јакна, а видеото заврши на социјалните мрежи и брзо стана вирално.