Шведските власти го одбија барањето за регистарски таблички „ТРАМП“

121

Шведските власти соопштија денеска дека на Маркус Саф не му се дозволени регистарски таблички со буквите „TRUMP“ (ТРАМП), бидејќи со тоа се прекршени правилата на Одделот за моторни возила, а комбинацијата на буквите е оценета како „навредлива“.

Човекот за кого станува збор, сакал да го стави името на американскиот претседател Доналд Трамп на своето возило бидејќи самиот автомобил е американски – црн СУВ со В8 мотор.

„Личните регистарски таблички не смеат да бидат навредливи или несоодветни. Затоа, знаци кои се сметаат за неприкладни се одбиени, на пример, ако содржат политички или навредливи зборови“, соопшти портпаролката на Шведскиот авто-мото сојуз“, Софи Андерсон.

Контроверзноста доаѓа по помалку од еден месец откако Трамп беше поврзан со расправа со Шведска по која судиите во Стокхолм го прогласија за виновен американскиот рапер А$АП Роки за напад, а Трамп се заложи за негово ослободување.