Протести поради ковид мерките во Франција, заклучување во Австралија, нови рекордни бројки на заразени во Европа, а во Шведска еден број падна на нула.

Шведска е ставена на столбот на срамот во светските медиуми поради лабавата анти-ковид-политика. Британскиот Гардијан го коментира шведскиот пристап како „катастрофа во најава“, додека Си-Би-Ес њуз објави дека Шведска е пример како да не се реши кризата со корона вирусот.

И покрај сите критики, Шведска сè уште уште ги има најслабите епидемиолошки мерки против коронавирусот, земјата е полна со туристи, сите работат без ограничување, децата одат на училиште и сето тоа без речиси никакви рестрикции.

Исто така, шведските претставници на власта не само што не се закануваат со воведување рестриктивни мерки, туку и не ги препорачуваат. И каков е резултатот?

Најновите податоци, земени во последните седум дена, покажаа дека бројот на смртни случаи од ковид 19 е нула. И така е во целата претходна седмица.

Во текстот на порталот fee.org, се заклучува дека ако пред една година беше јасно дека приказните за „катастрофа во најава“ се неосновани, сега, една година подоцна, се покажа дека шведскиот пристап беше исправен.

Тоа го докажуваат и месечните бројки, како бројот на заболени, така и економските. Денес, Шведска е послободна, поздрава и со повеќе пари од која било друга европска земја.