Поранешната прва тенисерка на ВТА листата, Русинката Марија Шарапова (32), поради повреда на рамото го откажа настапот на вториот грен слем турнир сезонава, Ролан Гарос, кој стартува во Париз на 26 мај.

  • Одлучив да не играм на Ролан Гарос годинава. Некои правилни одлуки понекогаш не се лесни да се донесат, објави победничката на овој рурнир од 2012 и 2014 година.

Шарапова на почетокот од февруари беше оперирана на рамото поради што го откажа настапот на турнирите во Индијан Велс, Мајами, Мадрид и Рим. Таа годинава настапи на само три турнири, во Шензен, на Австралија опен и во Санк Петербург.