Шакири како крилен напаѓач

251

Името на швајцарскиот интернационалец од редовите на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Ливерпул, Џердан Шакири, е последното кое може да се прочита во списокот со можни засилувања кои го составуваат новите сопственици на англискиот премиерлигаш Њукасл.

Крилниот напаѓач веќе подолг период има скромна минутажа и затоа планира да ја промени клупската средина на крајот од актуелната сезона. Неофицијално, понудата на „црно-белите“ за услугите на Шакири нема да биде помала од 15 мил. фунти.