Дома МАКЕДОНИЈА Чулев: СВР Струмица ги истражува донациите 

Чулев: СВР Струмица ги истражува донациите 

25

Како редовно постапување на полициските службеници вака го оцени министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, постапувањето во врска со видео материјалите објавени на социјалните медиумите за делењето пакети со донации во Струмица.

Од страна на ОЈО Струмица, додава тој во постот, дадени се насоки за преземење на активности со цел идентификација на лицата, но и утврдување на потеклото на донацијата, критериумите за делење, начинот, но и, како што напиша дали се побарани одредени противуслуги од лицата кои се приматели на донацијата.

СВР Струмица, напиша министерот, презема мерки за соодветно санкционирање на лицата во видеото, кај кои е забележано дека не ги почитуваат одлуките на владата за употреба на заштитна опрема, држење дистанца и групирање.