Чудо од дете: Деветгодишник од Белгија ќе дипломира до крај на годинава

136
Фото: Instagram laurent_simons

Чудо од дете од Белгија на само девет години студира електротехника и во декември планира да дипломира на Технолошкиот факултет во Ајндховен, на студиите кои ги запишал минатата година. После тоа, Лаурен Симонс, планира да запише и докторски студии по електротехника, а истовремено ќе студира и медицина, рекол неговиот татко Александар за СиЕнЕн.

https://www.instagram.com/p/B1REhOxFlO3/?utm_source=ig_web_copy_link

Неговиот талент први го забележале неговите баба и дедо, а родителите сметале дека претеруваат, но набргу и неговите наставници се сложиле.

Тие исцрпно го тестирале во потрага за границите на неговиот талент и им рекле на родителите дека тој е како сунѓер, односно дека многу брзо впива многу информации.

Лаурен доаѓа од фамилија на доктори, но и понатаму нема објаснување зошто е толку многу талентиран.

Универзитетот му дозволил да ги заврши студиите порано од другте студенти и рекле дека Лаурен е „едноставно извонреден“.

– Лаурен ни е најбрзиот студент кој сме го имале. Не само што е хиперинтелигентен, туку е и многу чувствителен – рекле од универзитетот.

Неговиот напредок, секако, не остана незабележан, и веќе е баран од многу престижни универзитети ширум светот.

Неговите родители внимаваат Лаурен да има време и за играње.

– Не сакаме да стане многу сериозен. Тој прави што сака – рекол неговиот татко и додал дека мора да најдат рамнотежа меѓу неговото детство и неговиот талент.