Чудо во Сечуан: Маж спасен 17 дена по земјотресот во Кина

39

Маж, кој се водел како исчезнат 17 дена по земјотресот, во кинеската провинција Сечуан, е пронајден жив, јавуваат светските медиуми.

Работникот на хидроелектраната Ган Ју не можеле да го пронајдат по земјотресот ,кој со јачина од 6,7 степени, на 5 септември го погоди Сечуан. По 17 дена жив и повреден го пронашол локален жител.

Ган Ју и неговиот колега Луо Јонг останале кај хидроелектраната за да им пружат прва помош на повредени колеги и да помогнат да се спречи поплава откако браната поради земјотресот пропуштала вода.

Двајцата се обиделе да одат и пешки поминале 20 километри во планините околу хидроелектраната. Но, Ган кој има проблеми со видот ги загубил очилата и тешко се снаоѓал по нерамниот терен. Спасувачите ги барале, но тие безуспешно се обидувале да пратат сигнали за помош. Луо подоцна отишол да побара помош и е спасен на 8 септември. Меѓутоа, Ган веќе ја напуштил локацијата.

Локален фармер го пронашол под дрво откако ги слушнал неговите повици за помош. Преживеал јадејќи само диво овошје и пиејќи вода. Хоспитализан е со неколку скршеници.

Во силниот земјотрес загинаа 93 лица, а стотици се повредени.