EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Кошаркарот на Чикаго булс, Лонзо Бол, ќе отсуствува од терените до крајот на оваа сезона во НБА-лигата поради болки во коленото, за што е потребно целосно да заздрави.

  • Фокусот на Бол ќе продолжи да биде на целосно закрепнување и подготвеност за сезоната 2023-2024 – се вели во соопштението на клубот.

Дваесет и петгодишникот беше подложен на операција на коленото, односно менискусот.