Чешкиот филмски фестивал ќе му ја одземе наградата на Кустурица поради Русија – се огласи и режисерот

321
Фото: Printscreen

Чешкиот филмски фестивал „Фебиофест“ ќе му ја одземе наградата на српскиот режисер Емир Кустурица затоа што прифатил да биде на чело на Централниот театар на руската армија пред рускиот напад на Украина.

Имено, основачот на фестивалот Феро Фениќ побара на режисерот да му биде одземена наградата што ја добил во 2017 година за придонес во светската кинематографија.

Кустурица неодамна ја прифати понудата на рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, да ја преземе функцијата генерален директор на Централниот академски театар на руската армија. Фенич изјави дека уште во 2017 година бил против Кустурица да му биде доделена наградата бидејќи „режисерот и тогаш им се восхитувал на тоталитарните лидери“. Тој додаде дека смета оти Кустурица, иако талентиран, не ги исполнува етичките, моралните и демократските вредности и критериумите што треба да се имаат.

– Тоа се вредностите за кои се залагаме, врз основа на коишто настана фестивалот по Свилената револуција. Ниту едно уметничко дело не може да се одвои од овие вредности. Тогаш раководството на Фестивалот не ме послуша. Сега повторно барам „Фебиофест“ да му ја одземе почесната награда, рече Фенич. Предлогот го прифати и директорот на Фестивалот – Камил Спацил, а чешките медиуми јавуваат дека наградата на Кустурица најверојатно наскоро ќе му биде одземена.

Кустурица, во меѓувреме, за „Спутник“ медиум кој што е забранет на Фјсбук и Инстаграм поради ширење руска пропаганда, демантираше дека тој ќе биде директор на театарот, наведувајќи дека таквото толкување најверојатно доаѓа од сличноста на меѓународниот збор „режисер“ и „директор“.

„Јас не сум директор на Театарот на руската армија, театарот на поранешната Советска армија, туку во последните три месеци разговарав за можноста моите филмови да бидат поставени во театарска форма“, рече Кустурица.

Тој истакна дека би можел да гостува во Театарот на руската армија како режисер „кога ќе поминат овие турбулентни времиња“.