Четири пожарникарски интервенции за запалени стрништа и сува трева

72

Почна палењето на стрништа по жетвените активности на оризот во штипскиот и карбинскиот регион. Штипските пожарникари во изминатите седум дена имале вкупно осум интервенции на терен, од кои половина од пожарите биле на стрништа и сува трева во руралните средини.

Командирот на Територијалната противпожарна единица, Тони Атанасов вели дека на запалено стрниште интервенирано е во селото Долни Балван, а сува трева што е запалена од земјоделци или сточари во селата Драгоево, Криви Дол и Долни Балван.

Тој апелира земјоделците и сточарите да не ги палат стрништата и сувата трева, бидејќи пожарот кој го оставаат зад себе може да се прошири и на шума, но и на куќи и викендички, со што може да се направи дополните материјални штети, но и да се загрози човечки живот.

Во моментов, на нивите во штипскиот и карбинскиот регион земјоделците интензивно ги подготвуваат нивите за сеидба на жито, а која годинава доцни поради сушата.