Четиридневна работна недела во Европа е реалност, и ние сме ЗА, но да не се намалува платата!

Идејата работната недела да има 32 наместо 40 работни часа не е нова, но за неа се зборува почесто по пандемијата, која трајно го промени режимот на работа, не само што флексибилното работно време стана императив во многу компании, туку се поизвесно е дека самата работна недела ќе биде пократка во однос на денови или часови. Додека во Европа четиридневна работна недела станува реалност, кај нас засега е само сон

219

Вработените во европските земји веќе одамна ја заговараат идејата за четридневна работна недела, но кај нас тоа е далеку од реалност. Работодавачите сметаат дека во приватниот сектор ова е тешко изводливо, бидејќи приходите на компаниите директно зависат од оствареното производствово, а тоа пак од работните часови. Во многу дејности кај нас работниците бараат да работат прекувремено за да „преживеат„. Од друга страна, проблем е што кај нас сè уште не постои свест за некој форми на работа кој веќе постојат и се применуваат во повеќе европски земји.

Идејата работната недела да има 32 наместо 40 работни часа не е нова, но за неа се зборува почесто по пандемијата, која трајно го промени режимот на работа, не само што флексибилното работно време стана императив во многу компании, туку се поизвесно е дека самата работна недела ќе биде пократка во однос на денови или часови.

-Тоа може во државната администрација, но не и во приватниот сектор. Приходите на компаниите директно зависат од оствареното производство, а тоа пак од работните часови. Што значи ако се работи помалку ќе се земе и помала плата, но тоа не во интерес на работниците. Во многу дејности работниците за да заработат повеќе бараат прекувремена работа која се плаќа дополнително 35 отсто од дневницата. Ние не можеме да се рамниме со европските држави кои најголем дел од приходите ги остваруваат од услуги. Во држави како нашата, каде што доминира преработувачка индустрија со високо учество на работна сила, ова е невозможно, вели за ВЕЧЕР, Ангел Димитров претседател на Собранието на Организација на работодавачи на Македонија.

Тој смета дека оваа идеја може да се реализира во услужните дејности, бидејќи како што вели приходите од камати на банката нема да се намалат ако банката работи четири дена, но во производство тоа не е така.

–Има технолошки процеси каде производството не може да се запре. Така што проблем е и неработна недела, а не пак три дена во неделата. Од друга страна во некој дејности потребна е и трета смена, а не пак четиридневна работна недела, вели Димитров.

Според претседателот на Бизнис Конфедерација на Македонија, Миле Бошков, четиридневна работна недела може делумно да се реализира. Во пакетот на работни односи има и нестандардни форми на вработување пред се во финансискиот сектор, во електронската трговија, транспорт, логистика, образование…

-Постојат и нестандардни форми на вработување, односно се склучуваат договори за работа според потребите и на индустријата и на работниците. Ние во македонската трудова легислатива никако да сфатиме дека тоа се договара и во колективните договори кој кај нас ги регулира Синдикатот, односно само тој има право на колективно договарање, вели за ВЕЧЕР, Бошков.

Според него, кај нас се уште не постои свест за препознавање на овие форми на работа кој веќе постојат и се применуваат во повеќе европски земји.

–Овие форми на работа се применуваат и кај нас во некој дејности, но македонската трудова легислатива се уште не ги препознава, додава Бошков.

Во светот менаџерите во различни индустрии имаат проблем да најдат работници, дури и кога ги зголемуваат платите и нудат стимулации. По пандемијата многу работи се променија, а работниците повеќе сакаат да работат од дома, помалку работни часови и четири дена во неделата.

(А.С.)