Дома КОШАРКА Работнички му се реваншира на ТФТ, МЗТ Скопје го доби Куманово

Работнички му се реваншира на ТФТ, МЗТ Скопје го доби Куманово

51

Кошаркарите на Работнички продолжија да редат победи во домашното првенство откако славеа во дуелот против ТФТ Скопје со 81:78.

Ова за тимот од „Градски Парк“ беше четврта победа во низа со која му се реваншираа за оној пораз од 77:73 во првата нивна овосезонска пресметка.

Најефикасен во победничкиот тим беше Будновиќ со 27 поени, додека на спротивната страна Николов го заврши мечот со 16 коша.

МЗТ Скопје, пак, без поголеми проблеми славеше во дуелот со Куманово со 93:87. Мекиќ одигра одличен натпревар со 24 поени 3 скокови и 2 асистенции. За Куманово најефикасен беше Робев со 20 поени и 7 скокови.