Челзи загриза за Де Јонг

98

Еден дел од шпанските медиуми ја пласираа и информацијата дека лондонскиот премиерлигаш Челзи ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на холандскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Френки де Јонг. Истите медиуми тврдат дека играчот за врска ќе биде достапен за „сините“ ако понудата не биде помала од 90 мил. евра.