Чави лобира за Муниер

60

Белгискиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Томас Муниер, е најновата желба на раководните лица на каталонскиот гигант Барселона. Предводникот на Барса, Чави Хернандез, е во потрага по нов десен бек и затоа побара од раководните лица да испратат официјална понуда за Муниер која нема да биде помала од 15 мил. евра.