Црн биланс на починати во велешката болница – вчера тројца, денеска уште тројца

62

На Инфективното одделение во велешката Општа болница во изминатото деноноќие починаа тројца пациенти, велешанец на 89 годишна возраст и двајца жители на Градско на возраст од 79 и 65 години. Инаку и вчера на ова одделение починаа тројца пациенти.

Како што информира д-р Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа Болница, во изминатите десет  дена на ова одделение во велешката болница починаа осум пациенти,од кои пет од Велес, двајца од Градско и еден од Свети Николе.

Моментално на Инфективното одделение во велешката болница се хоспитализирани 33 пациенти од кои 30 се потврдени позитивни на Ковид -19 и тројца сомнителни кои чекаат резултати од тест.
Капацитетот на ова одделение од 35 кревети изминатата недела беше зголемен на 54 , и има сеуште слободни места
Во Велес и велешко моментално активни на болеста се 122 лица.