Црвен картон за коментарот дека е многу лош

114

Дерби пресметката од 8. коло во шпанската Примера дивизион, помеѓу екипите на Барселона и Севилја, заврши со убедлив триумф на каталонскиот гигант од 4:0, а третиот погодок на натпреварот беше дело на францускиот интернационалец Осман Дембеле.

И покрај одличната игра, крилниот напаѓач нема по убаво да го памети овој дуел. Во самиот финиш од натпреварот Дембеле доби директен црвен картон и тоа поради приговорот кој го даде откако неговиот тимски колега Роналдо Араујо доби црвен картон.

Францускиот интернационалец дојде до главниот судија Антонио Матеу Лахоз и му се обрати со зборовите: „Многу си лош, баш си многу лош“. Веќе во следниот момент судијата му покажа црвен картон, а во записникот е запишано дека Дембеле гестикулирал и со рацете.

Иако Французинот е познат по контроверзното однесување надвор од фудбалските терени, предводникот на Барса, Ернесто Валверде е убеден дека неговиот играч не заслужил црвен картон.

  • Мистерија, навистина не знам што му има кажано да за добие директен црвен картон. Едноставно не можам да ја разберам судиската одлука, изјави Валверде.

Крилниот напаѓач на Барса сигурно ќе добие суспензија најмалку од еден натпревар, но раководните лица се надеваат дека Дембеле ќе биде во комбинација за дерби пресметката против вечниот ривал Реал (М) која е закажана за 26 септември.