Циклонот Фреди го погоди Мозамбик, едно лице загина

80

Циклонот „Фреди“ предизвика силни ветришта кои денеска ечеа низ Мозамбик и предизвикаа смрт на едно лице, како и материјална штета.

Крајбрежниот град Квелимане е во своевидна блокада поради циклонот, јавува Ројтерс.

Се прогнозира дека „Фреди“ ќе стигне до копното на Мозамбик во 22 часот по средноевропско време.

Циклонот Фреди, кој припаѓа на таканаречените бавни циклони, повторно се врати по првиот удар пред две недели, уби 27 луѓе – 10 во Мозамбик и 17 во Мадагаскар.