Цеца од концертите спечали 300 илјади евра, наскоро пее во Пробиштип и Охрид

1330

Популарната Цеца Ражнатовиќ не треба ич да се грижи за својата егзистенција. Таа во јули и август има над десет концерти. Ако се земе во предвид дека просечниот хонорар на Цеца по концерт е од 30.000 до 50.000 евра , може да се направи математика дека фолк ѕвездата летово повеќе од одлично ќе заработи.                        Пејачка досега веќе одработила три концерти во Србија и Црна Гора, а во август има закажано уште седум. Меѓу нив се и два концерти во Македонија и пак по неколку во Србија и Црна Гора. Се на се убави пари за кусо време, Господ да ја види и поживее, порачуваат нејзините фанови. Д.М.