Цената на гасот почна да расте, за прв пат годинава 1.000 кубни метри над 600 долари

37

Берзанските цени на гасот во Европа ја надминаа границата од 600 долари за 1.000 кубни метри за прв пат од 10 март, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Ноемвриските фјучерси за индексот ТТФ го отворија тргувањето по 556,1 долари за 1.000 кубни метри.

Од утрово нивната цена е 610,2 долари, што е зголемување од 5%.

Според берзанските цени денеска фјучерсите за декември и јануари имаат уште повисоки цени.