Хуманитарна акција „Избери хуманост, пробуди надеж!” в четврток во Тетово

85

Хуманитарна акција „Избери хуманост, пробуди надеж!” ќе се организира в четврток во Тетово со цел да се собере чиста облека и да се донира на луѓето кои имаат таква потреба. Оваа хуманитарна активност во Тетово ја организираат Хрватски форум, општинската организација на Црвен крст Тетово, Македонско-хрватско друштво Тетово и Институт за развој на заедницата.

Приклучете се на хуманитарната акција што Хрватскиот форум ја спроведува во четири градови во земјава. Наместо да заврши во отпад, облеката која ни е мала или повеќе не ја носиме можеме да ја донираме на Црвениот крст и таа ќе пристигне до оние на кои им е најпотребна. Не смееме да заборавиме да бидеме хумани и солидарни, затоа донираме, вели Марко Видачек од Хрватски форум.

В четврток, на 31 октомври акцијата ќе се одвива од 13 до 15 часот на платото пред Центарот за култура „Иљо Антески – Смок” во Тетово.