Хрватска ќе ги зголемува платите на функционерите

23

Меѓу првите политики на новото владеачко мнозинство во Хрватска ќе биде и зголемување на платите на функционерите, пишува порталот Индекс.

Ова според, медиумот го најавил лидерот на  ДП, Марио Радиќ, кој рекол дека е подготвен да влезе во Владата и да работи без плата бидејќи парите не му требаат, но за сите други бара значително зголемување на платите.

– Нека пукаат и нека ме нападнат, но ние веднаш ќе го спроведеме тој непопуларен потег од кој се плашат сите. Едноставно за овие плати не можете да добиете квалитетни луѓе кои сериозно би се фатиле за работа во министерствата – изјавил тој.

Притоа, тој ги потврди информациите дека во преговорите со ХДЗ, Движењето Татковина се залага за повисоки плати на функционерите, не само министрите, туку и премиерите и државните секретари.

Премиерот Андреј Пленковиќ во својот говор потврди дека ќе се зголемат платите на министрите.

Сегашната плата на  премиерот Андреј Пленковиќ е 4.646 евра бруто месечно. Тоа е повисока плата од премиерите на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Албанија и Словачка. Таа е слична на платата на премиерот на Полска и многу помала од премиерот на Унгарија, Чешка и Естонија.

Медиумот прават споредба на просечната плата на функционерите и другите вработени во Хрватска, со соседството и ЕУ.

Споредбите велат дека со просечна плата меѓу 3500 и 4000 евра бруто, министрите во Хрватска имаат околу 2,2 пати поголема плата од просечната државна плата. Нивната плата е повисока од онаа на нивните колеги во Словенија во апсолутна вредност и е релативно повисока во однос на просечната плата во земјата, 2,2 пати наспроти словенечката 1,6 пати.

Министрите во Полска имаат малку повисоки плати од министрите во Хрватска, како и премиерот, 2,3 пати повисоки од просечната нето плата. Апсолутен рекордер е Унгарија, каде министрите имаат плата 6,5 пати поголема од просечната државна плата, а премиерот уште повеќе. Во Чешка, Албанија и Естонија, платите на министрите во однос на просечната државна плата се исто така многу повисоки отколку во Хрватска.

Аргументот за високите плати на премиерите, министрите, државните секретари и другите функционери е дека тие ќе бидат помалку подложни на корупција.