Ракометарките на Хрватска го направија едно од најголемите изненадувања на Европското првенство во Данска. Иако од нив не се очекуваше да забележат три максимални победи во групната фаза од шампионатот, тие го сторија тоа и четири бода се селат во главната фаза. Последна нивна жртва беше репрезентацијата на Србиј, која ја совладаа минимално со 25:24.

Хрватска на петнаесет минути до крајот на мечот имаше негатива од два гола (23:21), но со четири постигнати гола во низа успеа да дојде до посакуваната победа.

Дора Крсник беше најдобра со шест постигнати гола кај Хрватска, ја следеше Камила Мицијевиќ со пет, додека кај Србија, Катарина Крпеж-Слезак даде пет гола, пред Јована Стоиљковиќ и Јелена Лавко со по четири.

Во следната фаза се пласира и репрезентацијата на Црна Гора, која беше подобра од Словенија со 26:25, ама нема да пренесе бодови од групата. Некогашната вардарка Јованка Радичевиќ даде девет гола, а ја следеше Јелена Деспотовиќ со шест, додека кај Словенките, Ана Грос даде седум фола.

Франција остана перфектна, откако го доби дербито со Данска (23:20), додека Холандија пак славеше над Унгарија со 28:24 и се провлече во следната фаза на шампионатот