Храброст е да останеш со сопругата која ти набила рогови

182

Турскиот интернационалец, Хакан Чаланоглу, за време на летниот преоден рок максимално ги изнервира и разочара најверните фанови на италијанскиот калчо гигант Милан. Иако, пред четири години, „росонерите“ го купија од Баер од Леверкузен за 23 мил. евра, му ја дадоа култната 10-ка и постојано му нудеа продолжување на соработката, офанзивниот играч за врска за време на летниот преоден рок како слободен фудбалер ги засили редовите на лутиот градски ривал Интер.

И на „Џузепе Меаца“ го доби дресот со бројот десет и така се прослави како Господин 10+10, затоа што мал бројот на тие кои играле за двата клуба од Милано и го имале дресот со култниот број.

Чаланоглу, кој одигра 172 натпревари за Милан, на кои постигна 32 погодоци и запиша 48 асистенции, беше на добар пат да се стекне со епитетот клупска легенда, но сега е еден од најомразените ликови помеѓу најверните фанови на седумкратниот европски клупски шампион.

Омразата кон него доби на интензитет откако за време на неделниот дерби натпревар Чаланоглу го реализираше ударот од белата точка во 10 минута, а потоа постигнатиот погодок го славеше пред најверните фанови на Милан.

Веќе следниот ден пристигна и одговорот од најрадикалните фанови на „црвено-црните“ кои големиот транспарент го закачија на најпознатиот мост во Милано.

  • Го*нару, не е храброст да шутираш пенал во 10 минута, туку да останеш со сопругата и откако дозна дека ти набива рогови, пишува на пораката за Чаланоглу.