Хилари Клинтон нема да учествува на претседателските избори во 2020 година

70

Поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон изјави дека нема да се кандидира за претседател на изборите во 2020 година, јави Си-Ен-Ен.

Со тоа таа стави крај на шпекулациите дека ќе учествува во претседателската трка во 2020 година.

Клинтон додаде дека планира да продолжи да работи и да ги брани своите убедувања и потенцираше дека ужива во животот на писателка, активистка и баба.

Таа одби да посочи кандидат од Демократска партија кого би поддржала.