Една од најголемите ѕвезди во НБА лигата, Џејмс Харден ќе остане во Филаделфија и по крајот на тековниот договор.  Клубот ќе му понуди богат договор за две дополнителни години, по сезоната 2022/23. Управата смета дека поранешниот МВП играч на лигата е перфектен за одржување на високите шампионски амбиции на тимот.

Харден пристигна во Филаделфија од Бруклин Нетс. Во трејдот беше вклучен Бен Симонс, кој подолг период претставуваше проблем за „сиксерси“.

Харден (32) во просек постигна  21 поен, 10,5 асистенции и 7,1 скока на 21 натпревар во регуларниот дел од сезоната со Филаделфија.