Харадинај: Целта на акцијата е остварување на законот, ги повикувам Србите да го сочуваат мирот

205

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај денеска изјави дека акцијата на Полицијата и Полицискиот инспекторат на Косово на северот има за цел единствено остварување на законот и ништо друго, и ги повика Србите на мир.

„Акцијата е против лица вклучени во илегална трговија, организиран криминал и други кривични дела“, напиша Харадинај на Фејсбук.

-Некои од лицата вклучени во тие дела се службеници на Царината, Полицијата, но и обични граѓани. Како премиер, потврдувам дека станува збор за спроведување на законот и ништо друго. Ги повикувам Србите да го сочуваат мирот и да го почитуваат законот, напиша Харадинај.

Во акцијата за РОСУ за спроведување на налогот на Основниот суд во Приштина за притворање на неколку полициски службеници и граѓани осомничени дека се криминална група, ранет е еден припадник на полицијата, а уапсени се пет лица, јавуваат приштинските медиуми.

Меѓу уапсените има и припадници на полицијата Албанци.

Акцијата е резултат на повеќемесечна истрага на полицијата и полицискиот инспекторат под водство на Специјалното обвинителствп на Косово, пишуваат косовските медиуми.

-Истрагата имаше како резултат утврдување дека неколју полициски официјални лица и некои граѓани вклучени во организација и учество во криминална група во врска со кривични дела поврзани со илегална трговија со стоки, злупотреба на службената должност, давање мито и забранета трговија, пишува во соопштението на Инспекторатот.

Се додава дека и покрај вооружениот отпор на северот од Митровица, полициската операција продолжува, што вклучува и апсења и контрола на неколку локации поради одземање релевантни докази, вклучително и оружје.

ПОВЕЌЕ:

Сирени за узбуна во Косовска Митровица

РОСУ упадна на северот од Косово: Уапсени петмина Срби, Вучиќ нареди целосна борбена готовност на војската

Ѓуриќ: Упадот на РОСУ е играње со мирот, целта е да се создаде невозможна клима