Хан: Ова е екстремно разочарувачки

95

Лидерите на ЕУ не успеаја да ја исполнат својата посветеност за отворање на преговори за пристапување со Северна Македонија и со Албанија, напиша еврокомесарот за преговори з апроширување и соседска политика Јоханес Хан на својот Твитер профил. Еврокомесарот посочува дека сега ЕУ треба да разјасни колку е сериозна нејзината заложба за интеграцијата на Западен Балкан.

“Ова е екстремно разочарувачки. Им благодарам на сите кои минатата ноќ ја ставија целата своја тежина на постигнување одлука од големо стратегиско значење за ЕУ и праќање сигнал за надеж за граѓаните на Западен Балкан“, напиша Хан.