Хавертц пикиран од Вудвард

87

Извршниот директор на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, Ед Вудвард, е убеден дека ќе успее во намерата да ги осигура услугите на најголемиот талент во редовите на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен, Каи Хавретц.

Веднаш на почетокот од летниот преоден рок, „црвените ѓаволи“ ќе испратат официјална понуда за новопечениот репрезентативец на Германија која според англиските медиуми нема да биде помала од 100 мил. евра.