Претседателот на УФЦ, најпознатата организација за боречки вештини во светот, Дана Вајт (53), предизвика бројни коментари на социјалните мрежи откако кажа што мисли за фудбалот. Неговите критики за најважната споредна работа во светот дојдоа за време на Светското првенство во Катар.

  • Не можам да го поднесам фудбалот, мислам дека тоа е спортот каде што ти треба најмалку талент. Има причина зошто тригодишните деца можат да играат фудбал, во ред? Трчаш наоколу за да ја шутнеш топката, истакна Вајт.

Потоа првиот човек на УФЦ образложи зошто мисли така.

  • Знаеш ли колку треба да си неталентиран за да освоиш три бода кога мрежата на голот е толку голема?, запраша Вајт

Многу корисници на Твитер не се согласија со него, прашувајќи го зошто САД не станаа светски шампиони ако фудбалот е толку лесен. Еден отиде до таму, што му одговори дека тригодишните деца можат да трчаат наоколу удирајќи го со раце и нозе.