Алиша Џеј е една од девојките што на совршен начин ја користат својата убавина за заработка. Таа секојдневно објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи и на страниците за возрасни, а воедно откри дека една ѕвезда од Премиер лигата ѝ праќала навредливи пораки, бидејќи одбила да ѝ испрати такви фотографии.

Се работи за фудбалер на Евертон, чие име не сакала да го каже. Откри дека тој побарал од неа да му испрати фотографии на кои е разголена, а кога одбила да го стори тоа, почнал да ја навредува.

  • Ме праша дали сакам да му испратам фотографии и јас одбив. По тоа ми рече: „Знаеш ли кој сум јас?!“ Беше многу лут и гаден во навредите кон мене. Ми праќаше навредливи пораки. Постојано велеше: „Сакам да те видам, прати ми фотографии!“. Ми здодеа до бесвест. Беше лудо! Особено бев шокирана од реченицата: „Знаеш ли кој сум јас?!“. Знаев кој е тој и пред да ми испрати порака на Инстаграм, но не следам фудбал, не сум обожавател на фудбалот. Можев да видам на Инстаграм кој е, но не ми беше важно. Мислам дека моќта им се удира од глава на фудбалерите.