Поранешниот автор на говорите на Путин заврши на руската потерница

77

Абас Гаљамов, поранешниот автор на говорите на Путин, заврши на руската потерница. Тој пишуваше говори за Путин кога беше руски премиер, од 2008 до 2012 година.

Гаљамов подоцна стана политички консултант и аналитичар, а во последните години живее во странство.

На веб-страницата на руското Министерство за руски работи е наведено дека се бара поради прекршување на член од Кривичниот законик, но не е јасно за кој закон се работи и што прекршил.