Оф, да бидеме искрени – никој не сака да трча (освен оние што сакаат). Тешко е, се потите, па и здодевно е… има сто начини подобро да си го потрошите времето.

Ако ова е нешто што навистина наликува на вас, обрнете внимание, оти следнава информација можеби е совршено решение за вас – маратон со вино и сирење. М?

Маратоните, историски гледано, се наисцрпувачки од сите спортски настани, па сепак Marathon du Medoc во Франција на тркчите им нуди можост додека трчаат да уживаат во vin et fromage (вино и сирење) колку што им сака душа.

Рутата на маратонот ги води учесниците низ разновидни лозја и селски имоти – со замоци или старински куќи (еј, ова сепак е Франција!).

Арно ама, освен вообиичаените точки каде што учесниците во маратонот можат да се напијат вода, има и места каде можат да уживаат во пробување на различни вина, од различни години, како и да пробаат различни видови сирење по што Фрнација е позната.

Во овој по малку необичен настан, можете да каснете и од локалното грозје, ама и домашен сладолед, па дури и остриги.

Иако може да се каже декаовој маратон се разликува од другите, традиционални маратони, почекајте малку – и облеката на тркачите е сосема невообичаена!

Секоја година илјадници луѓе се облекуваат во најразлични костими – од човечки шишиња вино, преку Викинзи, па дури и вонземјани – оти не е важно само кој прв ќе стаса, ами и кој има најдобар костим. Секако, најдобриот костим добива награда.

Инаку, тркачите имаат 6,5 часови за да ја завршат рутата, за што организаторите велат дека е доволно време дури и за аматер да ужива во прекрасната околина, плус чашка или две.

Можеби ова го сфаќате на подбив, ама не заборавете дека сепак станува збор за маратон – тоа се 42 километри, па убаво размислете колку алкохол би испиле за да го истрчате ова.

Видете, целата оваа прикаска не е само поврзана со алкохолот. Лоциран на југозападот од Франција овој маратон е совршена можност да уќивате во прекрасните глетки, да откриете некои историски места и да уживате во живата музика на бендовите кои патем настапуваат.

Победниците и во машка и во женска категорија како награда добиваат вино колку што се тешки. Првите тројца во секоја категорија добиваат по една гајба француско вино.

За ваша информација, оваа трка се одржува на 7 септември, а за деталите погледнете овде.