Француски весник „го облече“ Путин во костумот на Џејмс Бонд, со вакцина в рака/ФОТО

143

Рускиот претседател Владимир Путин, се појави на насловната страница на францускиот весник „Libèration”, а на фотографијата е облечен како тајниот агент Џејмс Бонд.

Путин во рака не држи пиштол како агентот 007, туку шприц со руска вакцина против коронавирус. Фотографијата е потпишана со „Утрешнината никогаш не умира“, што е наслов на еден филм од серијалот за Џејмс Бонд.

На развојот на руската вакција францускиот весник посвети дури четири страници.

Брзината со која рускиот претседателн објави (за вакцината) е изненадувачка. Брзина или избрзување? Светската здравствена организација реагираше многу претпазливо на руските изјави … Постојат сомнежи за сериозноста на клиничките испитувања – се наведува во статијата.