Бранителот на тронот, репрезентацијата на Франција, обезбеди пласман во 1/4 финалната рунда од Светското првенство во Катар. „Галските Петли“ не дозволија никакво изненадување и сосема заслужено со 3:1 ја добија 1/8 финалната пресметка против Полска. Нови два погодока на своето конто запиша Килијан Мбапе, а мрежата на Шчесни ја погоди и Оливие Жиру. Почесниот погодок за Полска беше дело на Роберт Левандовски.