Франција воведува бесплатни кондоми за лица на возраст од 18-25 години

50

Една земја реши да се погрижи за здравјето на младите во популацијата, на тој начин што од следната година ќе им дели бесплатни кондоми.

Младите во Франција ќе можат да добијат бесплатни кондоми од следната година во обид да се намали ширењето на сексуално преносливи болести (СПБ), изјави во четвртокот претседателот Емануел Макрон.

„Од 1 јануари кондомите ќе бидат бесплатни во аптеките за оние на возраст од 18 до 25 години“, изјави Макрон за новинарите за време на настанот посветен на здравјето на младите.

Здравствените власти проценуваат дека стапката на сексуално преносливи болести е зголемена за околу 30% во 2020 и 2021 година во Франција, пренесува Ројтерс.