ФОТО: Мажите ме носат на шопинг и трошат илјадници долари на мене

470

Порно ѕвездата Клои Амур (32) од Лос Анџелес се смета себеси за „жешка жена во реалниот живот“. Таа откри дека води живот полн со луксуз, а сето тоа благодарение на грижливите мажи кои сакаат да ја однесат на шопинг. Клои има армија обожаватели на платформите и социјалните мрежи над 18 години кои ја опсипуваат со пари и скапи подароци, а таа заработува околу 20.600 долари месечно. Таа откри дека нејзините обожаватели трошат и до 70.000 долари на скапи подароци.

-Мажите ме носат на шопинг во дизајнерски продавници и трошат илјадници долари на мене, изјави Клои за Jam Prime. Нејзините обожаватели сакаат да ја следат додека е надвор на шопинг, но Клои се пожали дека пазарџиите потоа ја гледаат со презир како да е ликот на Џулија Робертс, Вивијан, од Pretty Woman. „Добивањето подароци е еден од моите љубовни јазици… Мора да се признае, чудно е кога влегувам во бутик, а вработените веќе ме виделе внатре со друга личност. Се чувствувам како да ме осудуваат“, истакна таа.