ФОТО: И браќата Бабунски читаат ВЕЧЕР

111

Повремениот репрезентативец на Македонија, Дориан Бабунски, и официјално беше претставен како нов фудбалер на унгарски Дебрецен.

Баунски во следните 2,5 години ќе настапува во овој тим и ќе соработува со својот брат Давид. Македонецот го напушти тимот на Ботев Враца, а имаше понуди да остане во Бугарија и од Рапид Виена, но се реши да стави потпис за унгарскиот тим, зголемувајќи ја колонијата на Македонци во Унгарија.

Дориан во минатото играше за младинскиот тим на Реал Мадрид, во Фуанлабрада, Олимпиа, Радомлје, Мачида, Кагошима и во Ботев Враца. Беше дел од националниот тим на последните два квалицикациски натпревари со Ерменија и со Исланд.

Веднаш по официјалната презентација, браќата Бабунски решија малку да се релакцираат со најновото издание на весникот ВЕЧЕР кој како подарок го добија од големиот пријател на весникот и порталот VECER.PRESS, Горан Кипријановски – Кипре.