(ФОТОГАЛЕРИЈА) Македонските и бугарските историчари седнаа на маса по една година

107

Македонските и бугарските историчари денеска по пауза од речиси една година повторно се состанаа за да го продолжат дијалогот, кој се води во рамки на Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Десеттиот состанок на Комисијата, која е формирана со цел да најде заеднички јазик за надминување на разликите на двете земји во однос на одредени историски случувања, се одржува во затегната атмосфера, откако Софија постави ново условување пред Скопје во однос евроинтеграцискиот процес.

По завршувањето на дводневниот состанок утре во 17:45 часот во Клубот на пратеници е предвидена заедничка изјава за медиумите на двајцата копретседатели на Комисијата, Ѓоргиев од македонска страна и Ангел Димитров од бугарска страна.

Во Софија јавна расправа за преименување на 24 мај во Ден на бугарската писменост

 

Фото: Н.БАТЕВ, П.СТОЈАНОВСКИ