Најбрзиот циркус на светот – Формула 1 за прв пат годинава ќе гостува на познатата Мото ГП патека „Муџело“ во Тоскана.

Во 2020 година мотоциклистите нема да возат по легендарната патека во Италија, но сепак ќе има Ф1 пилоти.

Гран-прито на Италија ќе се одржи на „Муџело“ на 13 септември, пред Ф1 да се пресели во Сочи, каде што е закажано руското ГП на 27 септември.

Инаку, патеката „Муџело“ официјално му припаѓа на Ферари, кој ги извршува своите тестови на неа.

„Муџело“ беше избрана и поради фактот што екипата на Ферари ќе ја вози својата 1000-та трка во Ф1 на 13 септември, па се очекува славна атмосфера во Тоскана.

Досега, трките во Ф1 се водеа на три различни патеки во Италија – Монца, Имола и Пескара.